Асиндетонските реченици низ функционалните стилови на македонскиот стандарден јазик
Ключевые слова:
синтаксичка синонимија, бесврзнички сложени реченициАннотация
Во стандардниот македонски јазик постојат сложени бесврзнички реченици, во кои поради отсуството на сврзник или сврзувачко средство меѓу дел-речениците, отсуствува информацијата за односот меѓу дел-речениците (координација или субординација), како и информацијата за типот на сложената реченица. Синтаксичката синонимија придонесува да се определи односот меѓу дел-речениците во сложената бесврзничка реченица (дел-речениците може да се постават во однос на координација и субординација), но, сепак, не може да се определи типот на сложената бесврзничка реченица, зашто присуството на одделни сврзници или сврзувачки средства укажува на различен тип сложена безврзничка реченица. Оттука, истражувањето има за цел, преку анализа на одделни бесврзнички реченици, да покаже дека синтаксичката синонимија има ограничувања на семантички план, односно дека сите реченици што може да се добијат со синтаксичката синонимија не се прифатливи од гледна точка на стандардната норма на семантички план.Истражувањето има квалитативна парадигма (анализа на содржина) и дескриптивен дизајн. Примерокот го претставуваат три сложени бесврзнички реченици, што припаѓаат на три функционални стилови. Речениците се анализираат од гледна точка на нивната можност за спојување со различни сврзници или сврзувачки средства. Од методите уште се користат синтеза и компарација.
Резултатите од истражувањето потврдуваат дека синтаксичката синонимија има ограничувања на семантички план кои се разликуваат во зависност од функционалниот стил на кој му припаѓа сложената бесврзничка реченица. Оттука, пак, произлегува и потребата, врз основа на односот меѓу дел-речениците, што ќе се констатира како најверојатен, асиндетонските реченици да се воведат како подгрупа сложени реченици во постојните типови сложени реченици, на пример, независносложени составни асиндетонски реченици, независносложени спротивни асиндетонски реченици и сл.
Скачивания
Загрузки
Опубликован
Как цитировать
Выпуск
Раздел
Лицензия
Los autores conservan los derechos de autor sobre sus trabajos y garantizan a la revista el derecho de ser la primera publicación del mismo. Los artículos se publican bajo la licencia Creative Commons Atribución-NoComercial 4.0 Internacional (CC BY-NC-SA 4.0), lo que permite a los lectores y otros investigadores copiar, redistribuir, remezclar, transformar y construir a partir del material, siempre que se respeten las condiciones establecidas.